Поврзи се со нас

Фудбал

Солскјер реагираше откако Погба повторно изрази желба да игра во Мадрид

Оле Гунар Солскјер е убеден дека Погба ќе остане во Јунајтед уште најмалку две сезони

Секогаш кога Пол Погба ќе го спомене Реал Мадрид, тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер реагира силно во јавноста и со убедување вели дека ќе остане со „црвените ѓаволи“ уште неколку години.

Пред неколку дена Погба, исто како и во 2019 година, јавно ја повтори својата желба да го носи дресот на Реал и да работи со Зинедин Зидан.

Но, ова нема да се случи, уште најмалку две сезони, бидејќи договорот на Французинот истекува во 2022 година.

„Пол е наш играч, тој ќе остане тука уште две години“, рече Солскјер.

„Сигурен сум дека Пол е фокусиран да го направи најдоброто за нас и сите сакаме да го видиме најдоброто од Погба и сигурен сум дека ќе го извлечеме најдоброто од него за неколку години”. 

Advertisement