Connect with us

Кошарка

Сопруга на кошаркарска легенда од Хрватска го победи коронавирусот: Ги молев да ме исклучат

Горана Табак преживеала вистинска драма во Мадрид. Сопругата на хрватскиот кошаркарски тренер Жан Табак, ја добила битката со коронавирусот. Сепак, нејзините зборови се потрени. Битката воопшто не била лесна.

-Не можев повеќе да издржам, ги молев лекарите и медицинските сестри да ги исклучат апаратите на кои бев уклучена за да ме одржуваат во живот. Преживеав нешто страшно, нешто што е тешко да го сфати оној кој никогаш не преживеал такво нешто, вели таа во интервју за „Слободна Далмација“.