Connect with us

Кошарка

Сопственикот на Панатинаикос подготвен за договор со Евролигата

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос  изјави дека е подготвен да се изнајде решение за спорот со Евролигата со цел да се избегне заминувањето на грчкиот кошаркарки клуб од елитното натпреварување.

– Исклучително сме незадоволни од Евролигата. Не се однесуваат со почит кон нас, не само на теренот, туку и во поглед на дисциплинските мерки. Се надевам дека ќе најдеме решение, истакна Јанакопулос.

Тој за медиумите во Грција наведе дека не ја исклучуваат и опцијата за заминување од лигата.

– Ако го напуштиме натпреварувањето, финансиските загуби ќе бидат огромни. Ние ќе страдаме, но ќе ги истераме нештата до крај. Сепак, се надевам дека нема да дојде до тоа. Евролигата мора да ги признае своите грешки и да го подобри својот однос, потенцира сопственикот на Панатинаикос.

Според Јанакопулос, прво од страна на Евролигата мора да бидат повлечени сите казни кои уследиле по неговите реакции на социјалните мрежи со цел да се обезбедат предуслови за договор.