Connect with us

Фудбал

Состанокот меѓу Алемани и агентот на Дембеле траеше три часа, ситуацијата драстично се промени

Усман Дембеле се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона.

Дембеле во јануари ја одби понудата на Барселона за продолжување на договорот, поради што каталонскиот клуб сакаше да го продаде, но францускиот напаѓач ги одби сите понуди кои ги доби во зимскиот преоден рок.

Поради тоа дури и неколку натпревари беше на трибините, но Чави на изненадување на сите го врати во тимот и тоа беше полн погодок бидејќи Дембеле игра во одлична форма.

Познато е дека Дембеле ја одбил понудата на Барса за нов договор бидејќи побарал многу поголема плата, но од клубот велат дека сега не можат да му ја дадат поради сите финансиски проблеми во кои се наоѓаат.

А агентот на Дембеле Муса Сисоко бил разочаран и го убедил својот клиент да го смени клубот бидејќи во тој случај би добил неверојатни 15 милиони евра бонус.

Иако се чинеше дека Дембеле ќе ја напушти Барселона на лето, сепак се повторно се сврте наопаку. Откако почна да игра и ја почувствува довербата на Чави, Дембеле изрази желба да остане.

Тој им порача на челниците на Барселона дека е заинтересиран за продолжување на договорот, а Каталонците веднаш реагираа. Матеу Алемани вчера отпатува за Мароко за да се сретне со агентот на Дембеле каде повторно разговарале за новиот договор.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона ги понудила истите услови како и досега, но со ветување дека платата значително ќе расте од сезона во сезона бидејќи финансиите се повеќе и повеќе се стабилизираат.

Средбата меѓу Алемани и Сисок траела дури три часа, но се уште не се знае дали има некаков напредок. Барса ја претстави својата понуда и сега останува на Дембеле да одлучи дали ќе остане или ќе го напушти клубот на лето.

Сепак, Барса сега е многу пооптимист од пред неколку месеци бидејќи самиот Дембеле побарал нови преговори и покажал голема желба да остане во каталонскиот клуб.