Connect with us

Фудбал

Составот на ФК Вардар за натпреварот со Заглебје Лубин

На натпреварот кој стартува во 15 часот, Вардар ќе почне со овие 11 фудбалери: Гачевски ќе биде чувар на мрежата на нашиот тим, а пред него во одбраната Дарко Глишиќ, Бобан Грнчаров, Евгениј Новак и Владица Брдаровски. Во средниот ред на „црвено-црните“ ќе бидат Вања Марковиќ и Никола Глигоров како последни играчи за врска, и за прв пат во составот на Вардар на овие подготовки ќе го видиме Хуан Фелипе. Во нападот Дејан Блажевски и Јован Попзлатанов на крилните позиции, како поддршка на напаѓачот Тигран Барсегјан.

На клупата за резерви шанса за настап ќе чекаат играчите: Филип Илиќ, Игор Алексовски, Горан Попов, Ацо Стојков, Максим Максимов, Матеј Цветаноски, Бесар Исени, Бојан Колевски, Филип Стојчевски, Кристијан Тошевски, Тодор Тодороски, Јакуп Бериша, Никола Серафимов, Филип Антовски, Фитор Реџепи.