Connect with us

Фудбал

Составот на Реал Мадрид за следната сезона изгледа брутално

Реал Мадрид можеби не успеа да го доведе Килијан Мбапе, но европскиот и шпанскиот шампион без него имаат навистина феноменален состав.

„Кралевите“ се засилиле во досегашниот дел од сезоната со Аурелиен Чоамени и Антонио Рудигер и така овој тим доби уште поголем квалитет.

Реал е вистински пример за спој на младост и искуство. Има многу играчи со големо искуство кои ќе бидат предводници на овој тим (Карим Бензема, Лука Модриќ, Давид Алаба), но младите фудбалери Винисиус Жуниор и Родриго повторно ќе бидат во нападот покрај Бензема.

Покрај младото бразилско дуо во нападот, во стартниот состав на Кралевите од следната сезона треба да се најдат и младите Французи Аурелиен Чоамени и Едуардо Камавинга, а стартните 11 за новата сезона треба да изгледаат вака:

Куртоа, Карвахал, Алаба, Рудигер, Милитао, Чоамени, Камавинга, Модриќ, Родриго, Винисиус, Бензема.

И на клупата на мадридскиот тим би имало големи имиња. Еден Азар, Тони Крос, Марко Асенсио, Дани Себаљос, Ферланд Менди се меѓу играчите кои се таму, а голема е веројатноста да пристигне уште едно напаѓачко засилување.

Треба да се напомене дека од Реал Мадрид си заминаа Герет Бејл, Марсело и Иско, а сигурни се и заминувањата на Лука Јовиќ и Маријано Дијаз.