Connect with us

Ракомет

Совет од Червар до Раул: „Не ги потценувајте Црна Гора“

Селекциите ги финализират подготовките за Европското првенство, со што Македонија игра уште еден контролен натпревар против селекцијата на Србија. Домаќинот Хрватска вечерва од 20.30 часот во Сплит ќе ги одмери силите со селекцијата на Црна Гора, која на првенството ќе игра во групата со селекциите на Македоија, Геманија и Словенија.

Репрезентацијата на Црна Гора е добар противник, да видиме кој се нашите добри и лоши страни. Натпреварот е пријателски, но победата е императив, бидејќи само така се покажува победничкиот менталитет кој ни е потребен на нас. Ја почитуваме репрезентацијата на Црна Гора и знаеме дека тие се темпераментни, талентирани и борбени. За квалитетот на нашиот пртивник говори фактот дека се пласирале на Евроско првенство во конкуренција на Шведска, Словачка и Русија и може да бидат најпријатното изненадување на шампионатот, изјави селекторот на Хрватска и се уште актуелен тренер на македонскиот вицешампион Металург, Лино Червар.