Connect with us

Фудбал

Спакувани кутии како доказ дека дефинитивно се е готово

Младиот напаѓач делува подготвен да ја промени средината.

Долго време се пишуваше за иднината на Килијан Мбапе и наводно суперталентираниот напаѓач на ПСЖ веќе решил да потпише договор со Реал Мадрид како слободен играч на крајот од сезоната, иако парижаните се трудеа да го спречат заминување.

Ора Ито, блиска пријателка на францускиот репрезентативец, на Инстаграм сподели фотографија која медиумите ја толкуваат како доказ за збогувањето на Мбапе од Париз.

На фотографијата е дресот на ѕвездата на ПСЖ, за што Ора Ито му се заблагодарува на фудбалерот, а во позадина се гледаат кутиите, како и „спакуваните“ трофеи на младата ѕвезда. Фотографијата наводно е направена во неговиот дом.

Марка сподели и фотографија и напиша дека тоа може да биде еден од најголемите навестувања за големиот трансфер кој не очекува.

Мбапе има договор со ПСЖ до 30 јуни, поради што се уште не ја соопштил својата конечна одлука, иако се поизвесно е дека наскоро ќе стане жител на шпанската престолнина.

Се верува дека од почит кон ПСЖ, Мбапе нема да донесе одлука пред последниот натпревар од сезоната, а тоа веќе му е познато и на него и на луѓето со кои е близок и кои сега треба да знаат.

Брилијантниот 23-годишен напаѓач се сретна со Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, но „кралевите“ беа поуспешни во дуелот.

Сезонава одигра 32 натпревари во Лига 1 и постигна 24 гола со 16 асистенции, додека во Лигата на шампионите на осум натпревари постигна шест гола со исто толку асистенции.