Connect with us

Фудбал

Спалети: Дуелот против Сасуоло е полуфинале за нас

Фудбалерите на Интер утре на „Џузепе Меаца“ во рамките од 37 коло во Серија А ќе играат против Сасуоло.

Нероаѕурите во италијанскиот шампионат се наоѓаат на петата позиција и се борат за местото кое води во Лигата на шампионите, а следната препрека на тој пат е натпреварот против Сасуоло, кој тренерот Спалети го опиша како полуфинале.

„Играчите на тренингот работат максимално, а тоа е знак дека нивниот фокус е насочен само на следниот дуел против Сасуоло. Тој натпревар е како полуфинале за нас. Ова беше долга сезона и сега пред нас е еден вид полуфинале кое може да не доведе во позиција да играме финале против Лацио“, изјави Спалети.

На две кола пред крајот Интер има два бода помалку од четвртопласираниот Лацио, а доколку двата клуба слават, патникот во Лигата на шампионите ќе го добиеме по нивниот директен дуел римското „Олимпико“.

Натпреварот помеѓу Интер и Сасуоло се игра денес со почеток во 20:45 часот.