Connect with us

Фудбал

Спалети нов кандидат за тренер на Милан, но Интер го „блокира“

Лошиот почеток на сезоната за Милан го стави Марко Џампаоло во несигурна ситуација. Тренерот на „росонерите“ веќе не е на сигурна позиција, а сега во медиумите започнаа да кружат имињата на потенцијалните кандидати за негова замена.

Меѓу кандидатите е и името на Лучијано Спалети. Меѓутоа, поранешниот тренер на Интер ги отфрла таквите гласини.

„Јас во Милан? Какви шпекулации. Јас имам договор со Интер. Оставете го да работи, Џампаоло е одличен тренер во италијанскиот фудбал.“, рече Спалети за „Топ Калцио 24.“