Фудбал
Спас во последен момент за Алваро Мората
Шпанскиот напаѓач Алваро Мората пред почетокот на оваа сезона пристигна како големо засилување во Челзи од Реал Мадрид за околу 65 милиони евра.
Челзи одлучи да го продадат Диего Коста и да го доведат Мората како прв напаѓач, но не погодија. Шпанецот одлично ја започна сезоната, но потоа пристигна повредата на грбот која ја упропасти сезоната во целост за Мората и Челзи.
Англиските медиуми денеска објавија дека постои голема можност Мората по само една сезона да го напушти „Стемфорд Бриџ“. Наводно на Шпанецот не му се допаѓа тоа што навивачите го исвиркуваат, а малку од нив знаат дека повредата на грбот му смета.
Како што пишува „The Sun“, спасот за Мората би можел да пристигне од Јувентус во кој пред неколку години играше со многу успех. Јувентус покажа интерес да го доведе Мората на позајмица следната сезона со можност за откупување на договорот следното лето.
Доколку Челзи се согласи на овие услови би можел да заработи околу 62 милиони евра. Јуве за позајмница на една година би платил 17 милиони евра, а доколку одлучат да го откупат договорот ќе платат уште 45 милиони евра.
Мората за Јуве во две сезони има одиграно речиси 100 натпревари каде што постигна 27 гола и 19 асистенции.