Фудбал
Спектакуларен трансфер за крајот на преодниот рок
Холандскиот играч за врска Френки де Јонг (25) постојано се поврзува со заминување од Барселона и до крајот на преодниот рок конечно може да се случи тој да го напушти каталонскиот клуб. Овој 25-годишен играч за врска е голема желба на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг. Сепак, играчот од средниот ред на Барселона нема намера да замине во Манчестер, а тоа јасно и го кажа на клупското раководство.
Де Јонг сепак би можел да го напушти каталонскиот гигант до крајот на преодниот рок. Новинарот Дејвид Орнштајн пренесува дека Челзи започнал директни преговори со Барселона околу трансферот на холандскиот репрезентативец.
„Сините“ се оптимисти во овој случај. Тие веруваат дека наскоро ќе ја завршат работата, а трансферот би требало да изнесува околу 80 милиони евра.
Ќе видиме дали трансферот навистина ќе се случи на крајот. Би било одлична работа за крајот на преодниот рок, тимовите се подготвени да завршат се и сега се е на грбот на холандскиот фудбалер.