Фудбал
Според „Форбс“ ова се најплатените, листата ја предводи Лионел Меси
Десетте спортисти со најголема заработка во тој период заедно се приближија до бројката од милијарда евра.
Лионел Меси, ѕвездата на ПСЖ и на аргентинската репрезентација и за многумина најдобар фудбалер на сите времиња, е најплатен спортист во изминатите 12 месеци со заработка од 125 милиони евра, објави американскиот магазин Форбс.
Зад Меси е сезона која не се памети, барем во однос на напаѓачките перформанси. Според податоците на SofaScore, Меси е играчот со најслаб учинок меѓу сите напаѓачи кои се натпреваруваат во петте најсилни европски лиги, без да се обиде да постигне гол од минимум 60 шута. Неговиот процент на реализација е лош, само 5,4 проценти, односно Меси го прославува голот по приближно секој 19 удар кон противничкиот гол.
Тој постигна само четири првенствени гола за ПСЖ, кој за оваа сезона му плати 72 милиони евра. Останатите до 125 милиони евра се претежно спонзорски пари.
На второто место на листата е Леброн Џејмс со заработка од 116 милиони евра. Лос Анџелес Лејкерс за својата ѕвезда издвои 40 милиони евра, додека тој надвор од паркетот заработи 76 милиони. Заедно со Меси и Џејмс, единствениот спортист кој ја надмина границата од 100 милиони евра во ова издание на листата на Форбс е Кристијано Роналдо (110 милиони евра).