Connect with us

Ракомет

Спортската сала “Младост” во Битола ќе добие ново име

Спортската сала Младост во Битола ќе биде преименувана и ќе го носи името на македонската ракометна легенда Боро Чурлевски.

Ваков предлог денеска до Советот на Општина Битола поднесоа советниците од власта.

Иницијатива за преименување на спортската сала во Битола уште пред три години поднесе Габриела Илиевска, но сегашната опозиција тогаш гласаше против.

Името на Чурлевски е синоним за младоста на ракометниот дух на Битола, но и поим за спортист, кој со својата посветеност остави трајна трага на спортската историја на Битола.