Connect with us

Фудбал

Срби ќе го судат финалето на Лигата на Шампионите

По полу-финалето од Лигата на Шампионите помеѓу Рома и Ливерпул (4: 2), кој се карактеризира со безброј судиски грешки, како и полу-финалето помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен. Матео Беусан прогнозираше дека УЕФА, одговорноста за судење на финалето во Киев помеѓу Реал и Ливерпул на 26-ти мај ќе му ја додели на Милорад Мажиќ.
 
УЕФА утрово официјално најави дека Мажиќ ќе суди на натпреварот во Киев, а ќе биде придружуван од Далибор Ѓурѓевиќ, Милован Ристиќ, Ненад Ѓокиќ и Данило Груќи.
 
УЕФА, исто така, утврди дека четвртиот судија ќе биде Климент Турпан, а резервниот четврт судија ќе биде Немања Петровиќ.
 
Ова ќе биде круна на кариерата на српскиот судија, која исто така судеше на СП во Бразил 2014 година а ќе  суди и во Русија ова лето.
 
Исто така, Мажиќ го судеше Европскиот Супер Куп, финалето од Купот на конфедерации и долго време е постојан судија во Лигата на Шампионите.