SportM
Кошарка

Србинот збесна, му се нафрли на судијата, неговите играчи едвај го задржаа (ВИДЕО)

Редакција27 дек 2024
Србинот збесна, му се нафрли на судијата, неговите играчи едвај го задржаа (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Возбудливо беше и вечерва на терените во НБА, каде се одиграа девет натпревари, а кошаркарите на Торонто беа поразени од Мемфис Гризлис со 155:126 во неверојатен натпревар. Натпреварот го одбележа испадот на српскиот стручњак Дарко Рајаковиќ, тренерот на Торонто, кој во еден момент едвај го задржаа неговите кошаркари да не се нафрли и да го удри судијата.

Рајаковиќ беше бесен поради одлуката на судијата да не досуди фаул и целосно полуде, но за среќа немаше физички контакт меѓу него и судијата. Се се случи во четвртата четвртина, кога Рајаковиќ беше отстранет од теренот. Џерен Џексон Јуниор го предводеше Мемфис до победата и Зек Еди со по 21 поен, а Еди имаше и 16 скока.

Резултати:

Индијана – Оклахома 114:120

Орландо – Мајами 88:89

Вашингтон – Шарлот 113:110

Атланта – Чикаго 141:133

Мемфис – Торонто 155:126

Милвоки – Бруклин 105:111

Њу Орлеанс – Хјустон 111:128

Портланд – Јута 122:120

Сакраменто – Детроит 113:114

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.