Connect with us

Фудбал

Станковски: Максимално сериозно му приоѓаме на овој првенствен меч

Есенскиот дел од првенството официјално заврши со одигрувањето на 18.коло од Првата лига, но Работнички има уште еден предизвик, одигрувањето на одложениот натпревар против Вардар, закажан за 13 декември.

Тренерот Горан Станковски бара напорна работа од неговите играчи со цел подготвени да го очекаат дуелот со шампионот.

Вардар не држи на готовс. Максимално сериозно му приоѓаме на овој првенствен меч. Тоа е можност да го зголемиме бодовното салдо, иако не очекува тежок дуел против актуелниот шампион. Работиме напорно, се подготвуваме за последната есенска обврска, а потоа ќе ги сумираме резултатите од есенскиот дел, и ќе заминеме на одмор, се до почетокот на зимските подготовки, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски.