Фудбал
Старата дама го остави најзвучното засилување за крај
Преодниот рок за Јувентус сè уште не е завршен. Андреа Пирло чека уште едно големо засилување, најзвучното досега.
Артур Мело, Вестон Мекени и Алваро Мората досега се приклучија во редовите на „бјанконерите“, а на нив треба да им се придружи и Федерико Киеза.
Даглас Коста е пред излезната врата на Старата дама. Се бара решение за неговото заминување, што исто така би значело отворена врата за доаѓањето на Киеза.
Фабио Паратичи веќе почнува да го убедува Роко Комеса да го пушти италијанскиот репрезентативец на ист начин како што Атлетико Мадрид, го пушти Алваро Морату.
Јувентус веднаш би му платил на Фиорентина 10 милиони евра, и би се обврзал на двегодишен откуп за многу поголема сума. Ќе видиме дали Фиорентина се согласува.
Поради брзината и силата, Киеза е идеален за концептот кој го замисли Андреа Пирло, а синоќа против Интер покажа дека е фантастичен играч. Тој исто така постигна еден гол во поразот од 2:3.