Connect with us

Фудбал

Стариџ нов играч на ВБА

Досегашниот фудбалер на Ливерпул, Даниел Стариџ кариерата ќе ја продолжи во Вест Бромвич Албион како позајмен играч.

Стариџ ја менува средината, откако не успеа да се избори за стандардно место кај Јирген Клоп.

Тој го одбра ВБА и покрај интересот што за него го покажуваа неколку поголеми странски имиња како што се Интер и Севиља, а во Премиер лигата доби покана и од Њукасл.

На деветте натпревари од почетокот на сезоната во дресот на Ливерпул постигна два гола.