Connect with us

Кошарка

Стартува четиридневната програма во Евролигата

Во најквалитетната европска клупска кошаркарска лига, Евролигата, претстојните четири дена постојано ќе се играат натпревари.

Денеска и утре на програмата се дуелите од третото, додека в четврток и петок ќе се играат средбите од четвртото коло.

Програмата ја отвораат Химки и Црвена ѕвезда со дуелот во Москва, по што следува мечот во Тел Авив меѓу Макаби и Олимпијакос. Денешната програме ќе биде заокружена со две средби во Шпанија, каде Барселона го пречекува Жалгирис, а Реал Мадрид е домаќин на Армани Милано.

Преостанатите четири средби на програмата се утре. Дербито е во Истанбул ќаде ќе играат големите локални ривали Фенербахче – Анадолу Ефес. Во Москва кај ЦСКА гостува Панатинаикос,во шпанското дерби Басконија ја пречекува Валенсија, а во последниот меч ќе играат Уникаха и Бамберг.

Реал, Макаби, Олимпијакос и Химки се екипите кои досега немаат пораз.