Фудбал
Статистика и традиција пред дербито: Вардар сака одново „празна“ мрежа
Утре во рамките од 34. коло, на Националната Арена „Филип Втори“, ќе се одигра дербито помеѓу Вардар и Пелистер. Дуелот започнува во 16:30 часот, а пред ова дерби, неколку интересни статистички податоци, како и традицијата во дуелите помеѓу двата ривали.
– Вардар сезонава е без примен гол во дуелите со Пелистер. Два пати победи есеноска со по 1:0, а оваа пролет во Битола одигра без голови 0:0
– Ова ќе биде 73-ти меѓусебен натпревар. Во досегашните 72 меча, Вардарци имаат 41 триумф, 13 порази, и 17 „ремија“. Вардарци до сега 112 пати ја погодиле мрежата на својот утрешен ривал, а примиле 68 гола
– На гостински терен во оваа сезона, Пелистер никогаш не ја сочувал мрежата „чиста“, односно на секое гостување примал барем по еден гол. Вардар од друга страна два натпревари нема постигнато гол сезонава како домаќин, и тоа последните два против Скопје и против Работнички
– Дејан Блажевски, Владица Брдаровски, Јован Попозлатанов, Кристијан Тошевски и Матеј Цветаноски се играчите на Вардар кои во минатото биле дел од Пелистер
– Вардар беше во серија од 11 натпревари на кои што секогаш постигнувал барем по еден гол против Пелистер, се до мечот на 1. април кој што заврши без голови во Битола
– Ацо Стојков е најефикасниот играч од сегашните од Вардар против Пелистер со два гола. По еден имаат дадено Дејан Блажевски, Тигран Барсегјан и Бобан Грнчаров
– „Црвено-црните“ се во серија од 15 меча без пораз од меѓусебните натпревари против Пелистер
– Триумф на Вардар, го гарантира освојувањето на второто место на табелата во Првата лига оваа сезона, со оглед дека во моментов „црвено-црните“ имаат предност од седум бодови на три кола до крајот на шампионатот