Connect with us

Други спортови

Стефановска седма на турнирот од Премиер лигата во Ротердам

Каратистката на Макпетрол, Моника Стефановска го го освои седмото место на петтиот турнир од светската 1 Премиер лига одржан викендот во Ротердам, Холандија.

Таа со овој резултат ќе ја подобри својата позиција на светската ранг листа, бидејќи 7 -мото место и бодовите за трите победи носат дополнително бодови за овој висок пласман.

Во моментов Моника Стефановска се наоѓа на 32 позиција во својата тежинска категорија -68 кг.

– Стефановска во континуитет покажува дека созрева во врвен спортист и се носи рамо до рамо со целата светска конкуренција во својата тежинска категорија . Ова е нејзин четврти обид да земе медал од лига натпреварите кои остана безуспешен. Се надеваме дека наскоро, многу брзо Моника Стефановска ќе не израдува сите и со освоен медал од овие највисоко рангирани карате натпревари кои ги организира Светската карате федерација (WKF), изјави тренерот на Макпетрол Бошко Заборски.