Фудбал
Стерлинг, по убедливата победа против Ливерпул: Следната сезона започна денес
Рахим Стерлинг инсистираше на тоа дека Манчестер Сити се развива откако го победи Ливерпул, новопрогласениот англиски шампион, 4-0. Оваа победа, за Стерлинг ја започна новата сезона.
Манчестер Сити го почести Ливерпул пред натпреварот на стадионот „Етихад“, во чест на првиот триумф на Ливерпул во лигата по 30 години.
Кевин де Брујн го отвори резултатот од пенал, пред Стерлинг да реализира брз контранапад за да го удвои водството по само 30 минути игра.
Натпреварот заврши 4:0, но водството можеше да биде уште подлабоко поради големиот број на добри шанси создадени од момчињата на Пеп Гвардиола. Тоа го стави Стерлинг во добро расположение по натпреварот.
„Ливерпул се брилијантни цела година, сакавме да одиграме добар натпревар против нив. Знаевме дека заостануваме и неколкупати се разочаравме. Но, имавме тест против владеачкиот шампион и тие направија одлична работа“, рече Стерлинг.
„Новата сезона започна вечерва и направивме добра работа. Ова е тим што се развива и се менува, можете да видите колку е зрел Фил Фоден. Мислам дека имаме некои одлични играчи за во иднина.“