Connect with us

Фудбал

Стигна казната за Лапорта кој по Ел Класико влетал во соблекувалната на судиите, казната би била поголема во македонската лига

Стигна казната за претседателот на клубот Жоан Лапорта за неговиот потег по дербито со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Лапорта беше незадоволен од одлуките на судијата Хосе Марија Санчез Мартинез и влезе во соблекувалната на арбитрите за да бара објаснување за некои ситуација, па иако немало никаков инцидент и тој мирно го напуштил местото откако било побарано од него тој е санкциониран од Ла Лига со 602 евра пренесува „Гол“.

Иако имаше можност и да биде потешко казнет и со одредена суспензија на крајот е решено само парично да биде олеснет.