Connect with us

Ракомет

Стоилов: Имав шанса да го решам натпреварот, но шутнав лошо

„Имав шанса да го решам натпреварот, избрзав, шутнав лошо. Имав среќа, соиграчите ме ‘покрија’. Тој бод сега не е толку сладок каков што можеше да биде. Да имавме четири бода. Но, тоа е тоа. Денеска не погодив, но утре можеби ќе биде поинаку. Тоа е ракомет, тоа е спорт. Ќе бев навистина трагичар, но ете, соиграчите колку-толку ме покрија”, вели Стојанче Стоилов кој не го реализираше зицерот кој го имаше во последниот напад од дуелот со Германците, кога резултатот беше изедначен 25:25.

Во однос на втората фаза која продолжува во Вараждин, Стоилов вели дека треба добро да се подготват. „Не краси борбена игра. Се надевам дека ќе го пренесеме тоа и во Вараждин. Да се подготвиме добро, да одмориме. Сме играле многу пати со Чесите, Ги знаеме, и тие не знаат нас. Се надевам дека и таму ќе играме со наши навивачи, и се надеваме да оствариме успех”, вели Стоилов.Ö