Connect with us

Ракомет

Стоилов сепак на списокот за натпреварот против Кил

Иако беше најавувано дека Стојанче Стоилов ќе го пропушти натпреварот против Кил од Лигата на шампионите, тој сепак се најде на списокот со играчи за претстојниот натпревар.

На официјалната фејзбук страна на РК Вардар денеска беше објавено дека Стојанче Стоилов е во составот за дуелот против Кил.

ОДЛИЧНА ВЕСТСтоилов во составот за дуелот со КилВе чекаме во сала!

Gepostet von RK Vardar am Samstag, 12. Oktober 2019

Средбата ќе се игра пред распродадената сала во СЦ „Јане Сандански” каде ќе има над 5.500 навивачи кои ќе го бодрат Вардар кон четвртиот триумф сезонава во Лигата на шампионите.