Фудбал
Столе со порака за мечот со Грузија: Би сакал утре стадионот да биде полн
Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски е свесен дека утрешниот меч со Грузија нема да биде лесен особено по резултатите што ги покакажа противникот во изминатиот период.
Но, тој има две желби за утрешниот меч.
„Сакам полн стадион, сакам голема, најголема подршка. Со публиката и со нашиот квалитет ќе биде полесно да слаиме со побед. Јас секогаш сум пресреќен кога играм дома. Со полн стадион ќе ни биде полесно како што тоа било и во минатото“.
„На секој меч се спремам да го дадам максимумот и да имам празна мрежа. Грузија ја гледам како сериозна селекција која има голем напредок од ној наш меч во Тбилиси. Тоа што даваат многу голови тоа не ме плаши. Знаеме и ние да даваме и знам како работиме во одбраната. Утре со наша празна мрежа ние ќе го добиеме натпреварот„.
Мечот Македонија – Грузија се игра утре вечер со почеток во 20:45 часот.