Connect with us

Други спортови

Стонер и Дукати се разделија

Австралискиот возач Кејси Стонер и екипата на Дукати ќе се разделат на крајот од сезоната во Мото ГП. Соработката која започна во 2016 година ќе биде прекината, а двократниот светски првак изрази благодарност до тимот кој му даде шанса во претходните две години.

  • Би сакал да му се заблагодарам на тимот на Дукати за убавите спомени како и ентузијазмот во последните две години. Заедно работевме на нашата пасија, а тоа е подобрување на моторциклите за предизвиците на Мото ГП шампионатот. Никогаш нема да го заборавам ова искуство, рече Стонер.

Стонер (33) ја освои светската титула во 2007 и 2011 година, а по пензијата започна да работи како тест возач за италијанската екипа.