Connect with us

Фудбал

Страшна повреда, голманот на италијанскиот клуб ја скрши ногата, нема да игра на Мундијалот (ВИДЕО)

Страшна повреда на голманот на Специја, Бартоломеј Драговски. Тој на мечот со Верона во 40-та минута при еден излет од својот шеснаесетник при обид да ја избие топката пред противнички фудбалер ја скрши ногата. Навистина ова е голема повреда и несреќен момент за него бидејќи се наоѓаше на списокот на Полска за СП во Катар кое почнува за неколку денови. Инаку Специја го доби мечот како гостин со 1:2.