Connect with us

Други спортови

Страшна повреда на окото на ММА борецот (ВИДЕО)

ММА борецот Марк Мартин беше поразен во ПФЛ Челинџер од Дилан Тејлор.

28-годишниот борец беше принуден да се откаже од борбата по исклучително тешката повреда на окото со која се здоби во првата рунда.

Окото за малку ќе му излезеше од очниот отвор, а судијата ја забележа повредата кога борците почнаа да ја изведуваат втората рунда.

Борбата веднаш била прекината. Мартин мораше да го предаде натпреварот и повредата на Тејлор беше прогласена за технички нокаут.

За среќа, овој борец ќе помине без операција, а тоа го потврди и неговиот менаџер Еј Џеј Ариос:

„Тој се обиде да издува крв од носот и се случи оваа ситуација. Нема да му треба операција“, рече Ариоса.

Ова е втор пораз за Мартин во кариерата и моментално е со 7-2. Сепак, со оглед на начинот на кој загуби, сигурно ќе добие нова шанса во ПФЛ.