Connect with us

Фудбал

Страшно: Фиорентина потврди, не е само Влаховиќ заразен со коронавирус

Италијанскиот тим Фиорентина објави официјално соопштение во кое се вели дека биле тестирани фудбалерите Патрик Кутроне и Герман Пицела, како и физиотерапевтот Стефано Даинели. Сите биле позитивни на коронавирус.

Се додава дека сите се во добра состојба и се наоѓаат изолирани во нивните домови.

Вчера беше соопштено дека српскиот интернационалец Душан Влаховиќ е позитивен на коронавирус.

Случаите со заразени фудбалери со Ковид-19 во Италија се зголемуваат. Претходно беше потврдено дека Даниеле Ругани од Јувентус и Габијадини од Сампдорија исто така се позитивни.