Connect with us

Фудбал

Стручњаците пресметаа и ја објавија конечната табела во Премиер лигата

Екипата на Ливерпул моментално е лидер на табелата во Премиер лигата и има еден бод повеќе од Манчестер Сити, а судејќи според прогнозите до крајот на сезоната, „Редсите повторно ќе останат без титула.

„Sporting Index“ портал кој се занимава со математички предвидувања на резултати, направи конечна табела до крајот на сезоната и според нивните пресметки Манчестер Сити ќе биде старо-новиот шампион.

Според нивната прогноза „Граѓаните“ ќе ја освојат титулата со 97 бодови, додека Ливерпул ќе заврши на втората позиција со пет бодови помалки (92).

За место во Лигата на шампионите ќе се изборат уште Тотенхем и Челзи за кои се прогнозира дека ќе освојат по 79 бодови.

Исто така според проценката, од лигата би требало да испаднат Барнли, Фулам и Кардиф, а борбата на дното би требало да биде отворена до самиот крај на сезоната.

Сепак, ние ќе го чекаме крајот на сезоната и тогаш ќе дознаеме што ќе се случува затоа што на теренот математиката не е од голема помош.