Фудбал
Струга Трим Љум го „грабна“ најдобриот стрелец во историјата во македонската лига
Струга Трим Љум го претстави најновото големо засилување, Бесарт Ибраими. Станува збор за најдобриот голгетер на сите времиња во домашниот фудбал со 168 голови.
-Се решив за ФК Струга, бидејќи навистина е многу сериозен клуб, кој секојдневно се труди да расте и да го достигне врвот во домашниот фудбал. Им благодарам на челниците на клубот за укажаната доверба, додека јас како Бесарт ви ветувам дека ќе го дадам максимумот, исто така на струшките навивачи им ветувам голови, преку кои ќе стигнеме до европските натпреварувања, но секако и остварување на целите на клубот, кажа во својата прва изјава како дел од новиот тим, Бесарт Ибраими, кој доаѓа од грчкиот тим Ксанти.
Ибраими во својата кариера играл за Влазерими и Напредок од Кичево, потоа за Ренова и Шкендија од тетово, бил дел од германски Шалке, Севастопол, Таврија, Металург Запорожје, Паралимниу, Ермис Арадипу и Ксанти.