Connect with us

Фудбал

Струјата дојде, Арсенал поведе, гол на Сака од „мртов агол“ (ВИДЕО)

Во тек се натпреварите од 11. коло на Премиершип, а мечот меѓу Лидс и Арсенал доцни околу половина час во однос на другите натпревари од оваа рунда. Причина за доцнењето на натпреварот е прекин на струја на стадионот, а комуникацијата на судиите со ВАР просторијата е прекината.

По околу половина час од закажаниот почеток на играта се беше поправено, а фудбалерите излегоа на теренот и натпреварот започна.

Лидс уште од првата минута реши да излезе агресивно и создаде неколку убави шанси, додека Арсенал одигра нешто полошо од претходниот дел од сезоната.

Топџиите во првиот половина час не успеаја да се заканат кон голот на домаќините, но еден момент на магија беше доволен да се смени се.

Се играше во 35. минута кога топката дојде до Одегард кој повторно направи мала магија пред противничкиот гол.

Капитенот на Арсенал на одличен начин го пронајде својот соиграч Букаја Сака кој иако  е левак, шутираше со десната нога и погоди.

Исто така, треба да се нагласи дека ударот на Сака беше многу силен, а дека ниту добро поставениот голман на домашниот тим не можеше да направи ништо во оваа ситуација.