Connect with us

Фудбал

Суарез и Меси повторно ќе играат заедно, а Уругваецот дури откри во кој клуб

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез на крајот на оваа сезона ќе го напушти Атлетико Мадрид бидејќи му истекува договорот.

Суарез имаше две одлични сезони во Атлетико кои сигурно нема да ги заборави, а во првата година со овој клуб успеа да стане шампион на Шпанија.

Сепак, одлучено е Уругваецот да не го продолжи договорот и на крајот на следниот месец Суарез и официјално да биде слободен играч и да има право да потпише договор со друг клуб.

Се шпекулираше дека Суарез би можел веднаш да отпатува во САД бидејќи не е тајна дека веќе има понуда од Интер Мајами на маса.

Сепак, неговата цел е да остане во Европа барем уште една сезона бидејќи верува дека се уште може да игра на врвно ниво. Но, одењето во МЛС очигледно е само прашање на време, а Суарез се надева дека таму повторно ќе игра со Лионел Меси.

„Се надевам дека повторно ќе играм со Лео, во Интер Мајами. Ние сме големи пријатели, и на теренот и надвор од него“, изјави Суарез пред неколку дена.

Меси има едногодишен договор со ПСЖ и наводно ќе отпатува во Америка и Мајами, каде Дејвид Бекам со нетрпение ги чека во својот клуб.