Connect with us

Фудбал

Суарез има проблеми со коленото

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез за време на пауза поради репрезентативни настапи ќе се обиде да закрепне од повредата на коленото.

Според официјалната веб-страница на каталонскиот клуб, Уругваецот имаше со своето десно колено и тој ќе работи на индивидуална програма за рехабилитација.

Оваа сезона, Суарез одигра 11 натпревари за Барселона и постигна три гола.

Барселона следните две рунди од Ла Лига ќе ги одигра дерби дуелите со Севиља (20 октомври) и со Реал Мадрид (28 октомври).