Connect with us

Фудбал

Суарез му се доверил на пријател и му кажал дека наскоро завршува со Барселона

Луис Суарез има договор со Барселона до летото 2021 година, а тогаш ќе има 34 години. Малку е веројатно дека соработката ќе биде продолжена, а сјајниот напаѓач нема намера да ја заврши кариерата на „Камп Ноу“.

Според зборовите на неговиот поранешен соиграч, Суарез се враќа во Насионал.

-Разговарав со него, ми рече дека би можел да се врати во Насионал, ако јас бидам тренер, изјавил за уругвајско радио, Себастијан Абреу, кој му беше партнер во шпицот во клубот од Монтевидео кога Суарез ја почнуваше кариерата.

Двајцата играа за Насионал во езоната 2004/2005.

Абреу во моментов е тренер на уругвајскиот прволигаш Бостон Ривера, за кој играше до минатата сезона, иако има 43 години.