Фудбал
Суарез се откажа, сега Џеко е единствената опција!
Неколку дена постоеше голема неизвесност за новиот напаѓач кој ќе се пресели во Јувентус.
Во игра беа две имиња, Един Џеко и Луис Суарез, а вториот испадна од сите комбинации.
Имено, причината е тоа што Суарез не може да ја добие потребната дозвола за настап пред 5 октомври, а Прило сака напаѓач што е можно побрзо.
Суарез има и други опции, па затоа ќе се сврти кон нив, па наскоро треба да го објави во јавноста името на својот нов клуб.
Од друга страна, единствена опција за Јувентус остана репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, а Пирло е подготвен да ги забрза работите.
Сè треба да биде многу појасно во наредните денови, но сигурно е дека Џеко наскоро би можел да направи голем трансфер.