Connect with us

Фудбал

Суарез си ја отвори душата и призна што му рекле во Барселона кога му рекле дека мора да си оди

Луис Суарез играше за Барселона од 2014 до 2020 година и во тој период успеа да стане еден од најважните каталонски играчи.

Речиси две години по заминувањето од Камп Ноу, Суарез рече дека овој потег имал влијание врз неговата кариера. Уругваецот откри и каква порака добил од челниците на Барса, кога му било кажано дека нема да продолжи во Барселона.

„Моето заминување од Барселона ме одбележа и ме натера да продолжам да се докажувам. Ми рекоа дека немам ниво да продолжам во Барса. Бев фрустриран, но потоа реков: „Морам да продолжам да ја докажувам мојата вредност“, рече Суарез, цитиран од Барса Универзал.

Уругваецот дефинитивно на најдобар можен начин им одговори на Каталонците, кој веднаш со Атлетико Мадрид ја освои титулата на Шпанија.

Но, исклучителната форма од минатата сезона не продолжи оваа година.

Сега се чини дека Диего Симеоне решил да се ослободи од Луис Суарез, а фудбалерот добил неколку понуди од Јужна Америка и Саудиска Арабија, но тој ги одбил.

Се споменува дека за неговите услуги е заинтересирана Астон Вила, а најмногу Стивен Џерард, тренерот на овој клуб, пренесуваат медиумите на Островот.

Суарез и Џерард беа колеги во Ливерпул, а оттаму постои многу добар однос меѓу двајцата што би го олеснил трансферот на напаѓачот во Астон Вила.