Connect with us

Фудбал

Суд во Барселона бара двегодишна затворска казна за Нејмар

Иако пред пет години ја напушти Барселона, сепак од тој град доаѓаат проблеми за Нејмар. Во Барселона пристигна од Бразил, од Сантос во 2012 година, а десет години подоцна му дојде голема главоболка. Тој и уште тројца други вклучени во тој трансфер беа повикани на судење на 17 октомври.

Имено, Судот во Барселона бара затворски казни и парични казни за актерите во тој трансфер, поточно за самиот Нејмар, потоа неговиот татко, кој е и негов агент.


Казни се бараат и за поранешниот претседател Сандро Росело и за потпретседателот Јосип Марија Бартомеу. На Нејмар му се заканува казна од две години затвор со парична казна од 10 милиони евра, а на неговиот татко му се заканува и две години затвор со парична казна од 1,4 милиони евра, додека на Росело и Бартомеу им се бара по пет години затвор.

Нејмар, неговиот татко и Бартомеу и Росел се теретат по две точки од обвинението: Две кривични дела на корупција меѓу поединци и симулирана договорна измама во преговорите помеѓу 2011 и 2013 година.

Сапуницата допрва почнува, а ќе видиме што ќе се случи понатаму. Секако, не е едноставна ситуација за четворицата обвинети.