Connect with us

Фудбал

Супер талентот Греј попиша нов четиригодишен договор со Лестер

Екипата на Лестер која пред две сезони беше сензационален шампион на Англија, не сака да остава ништо на случајноста, па затоа раководството на тимот реши да го продолжи договорот со младиот фудбалер Демарај Греј.

21-годишниот Греј минатата недела првпат беше во стартниот тим на Лестер, а со својата игра беше најзаслужниот да победата над Евртон (2-0). Токму по акцијата на Греј беше постигнат првиот, а тој беше стрелец на вториот гол за Лестер.

Неговиот настап беше само потврда дека станува збор за исклучително талентиран играч со голем потенцијал, па затоа раководството на Лестер предложи, а Греј прифати нов четиригодишен договор.

„Многу сум среќен. Сега сакам само постигнувам голови и да продолжам да го правам она што најдобро го правам. Но, за тоа да го сторам морам да продолжам напорно да работам“, изјави Греј на официјалната веб-страница на Лестер.

Демарај Греј дојде во Лестер во јануари 2016 од Бирмингем, а за првиот тим на Лисиците досега има одиграно 51 наппревар и постигнато 2 гола. Тој ги има минато сите младински селекции на Англија, а за репрезентацијата до 21 година досега постигнал 5 гола на 15 одиграни натпревари.

Дали Греј повторно ќе блесне останува да се види веќе денеска на воведниот меч од 11.коло во Премиер лигата во кој Лестер гостува кај Стоук.