Connect with us

Други спортови

Светската шампионка во спуст потешко се повреди

ловенечката скијачка Илка Штухец може да ја пропушти целата сезона во алпското скијање поради повреда на коленото. Актуелната светска шампионка во спуст ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено за време на денешниот тренинг на Австриските Алпи., соопшти штабот на Словенката.

– Во оваа фаза се чини дека Илка Штухец ќе го пропушти поголемиот дел, а можеби и целата сезона, вклучувајќи ја и Зимската Олимпијада во Пјоннџанг, рече портпаролот на натпреварувачката Тилен Ламут.

Сезоната во алпско скијање стартува следниот викенд во Золден, Австрија.