Connect with us

Фудбал

Свонси со нов тренер на пат кон втора лига

Фудбалерите на Свонси на едно коло пред крајот на сезоната практично ги загубија сите шанси за опстанок во Премиер лигата.

Клубот од следната сезона ќе настапува во Чемпионшип лигата, која е втора по квалитет вo англискиот фудбал, а сосема извесно е дека ќе го води друг тренер, бидејќи Карлос Карвахал си заминува.

На Карвахал договорот му истекува на 30 јуни, а управата на Свонси не планира да ја продолжи соработката.

Иако Свонси имаше сериозни шанси за опстанок во елитната лига, сепак, со четирите порази во низа, вклучително и од најслабиот клуб на табелата Саутемтон, си го трасираше патот кон втората лига.

Теоретски Свонси може да остане во Премиер лигата, ако убедливо го победи Стоук во последното коло, а Саутемтон да биде уште поубедливо поразен од Манчестер сити со цел да ја надополни разликата од плус девет, што е речиси невозможно.

Карвахал дојде во Свонси на крајот од декември на местото на Пол Клемент.