Connect with us

Други спортови

Таа стана првата жена која по пауза од 2018-та седна во Формула 1 болид: Следете ги вашите соништа (ВИДЕО)

Џесика Хокинс (28) е првата жена од 2018 година која седнува зад воланот на болид на Формула 1. Хокинс која е од Англија возеше 26 круга во болидот на Астон Мартин во 2018 година на патеката Хунгароринг, која е и домаќин на шампионската трка Ф1. По тест возењето таа изјави дека ги остварила своите соништа:

„Внесив многу пот, солзи и крв за да стигнам до овој момент. Не ми се верува дека оваа тајна ја чував со месеци, беше доста тешко, но вредеше.Го исполнив мојот сон и сега продолжувам понатаму.Сакам да инспирирам други жени, нека си ги следат соништата“, изјави 28-годишнната Хокинс.

Advertisement