Connect with us

Други спортови

Тајсон му удри шлаканица, а тој порача: Ништо не почувствував-Тензиите пред борбaта растат

Соочувањето меѓу Мајк Тајсон (58) и Џек Пол (27) пред нивната борба во раните утрински часови утре не помина без тензија бидејќи Тајсон беше налутен од јутјубер што случајно му згазна на ногата. Овој потег го налути поранешниот најмлад шампион во тешка категорија, па реагираше со шлаканица.

“Јас бев во чорапи, а тој во патики. Тој ми стапна на прсти бидејќи беше г***0. Иако сакав да мислам дека е несреќа, сега верувам дека тоа го направи намерно, објасни Тајсон.

Пол беше силно погоден од шамарот, но тој и понатаму тврди дека не го почувствувал.

„Не почувствував ништо. Тој е лут, луто мало елфче. Мајк Тајсон, тоа беше слатка шлаканица, пријателе, но утре ќе те нокаутирам. Ќе го удрам. Тој удира како мала п**т. Сега ова станува лично, тој мора да умре“, изјави Пол.