Connect with us

Фудбал

Талентиран млад напаѓач на Барселона потпиша за Јувентус

Торинскиот клуб „шопингот“ го продолжува во Барселона.

Синоќа челниците на Барселона го завршиа трансферот на 16-годишниот напаѓач Пабло Морено кој во Торино доаѓа од Барселона.

За услугите на овој талентиран фудбалер „Старата дама“ издвои три милиони евра, а младиот Шпанец ќе се приклучи на младинската селекција на тимот од Торино.

Станува збор за талентиран фудбалер кој фудбалската кариера ја започна во Ла Масија, а член е и на младинската селекција на Шпанија.

Неодамна наполни 16 години и ова му е прв голем трансфер во кариерата.