Connect with us

Ракомет

Талески подобар од Манасков, Лазаров го наполни ППД Загреб

Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков и неговиот Веспрем во рамките на 6. коло од ракометната Лига на шампиони го пречекаа тимот на Филип Талески, Рајн Некар Левен, а победата ја однесе германскиот тим со 28-29 (12:15).

Почетокот на натпреварот им припадна на Унгарците, кои имаа позитива од 1-2 гола, за во финишот на првиот дел тимот на Талески со серија од 6-1, на одмор да замине со предност од 15:12. Вториот дел повторно подобро го отвори домаќинот и со пет неодговорени гола поведе со 17:15. Но Германците беа упорни и го вратија мечот во егал. Така се играше се до самиот крај, во кој поприсебни беа гостите и славеа минимална победа од 28:29.

Дејан Манасков натпреварот го заврши со еден гол од исто толку обиди, додека Филип Талески постигна исто така еден погодок, но потроши пет топки. Најефикасен кај Веспрем беше Мае со пет гола, додека во победничкиот тим Радивојевиќ запиша шест гола.

Нант на Кирил Лазарoв на домашен терен во тесен и неизвесен натпревар го совлада тимот на Загреб со 23:20, иако на одмор предност имаше тимот на Лино Червар (10-11). Најефикасен кај Французите беше најдобриот македонски ракометар со пет погодоци, додека кај тимот на ППД Загреб, исто така пет погодоци запиша Златко Хорват.

Актуелниот шампион Монпелје и по шестото кола е без победа во Лигата на шампионите. Бранителот на титулата никако да излезе од кризата, на гостувањето кај Кристијанштад пропушти голема шанса за триумф и на крајот мораше да се задоволи со бод (29:29).