Connect with us

Фудбал

Тато отпуштен си: Марио Геце му врачил отказ на сопствениот татко

Германскиот фубалер Марио Геце го отпушти сопствениот татко кој досега го застапуваше и се грижеше за неговата кариера. Сега тој ќе има нов менаџер, германецот со иранско потекло Реза Фазели.

Геце со ова најавува дека заминува од Борусија Дортмунд, каде не е во прв план. Интерес за него во зимскиот преоден рок пројавија Рома и Интер. Неговата моментална вредност е проценета на 10 милиони евра, а со оглед на тоа дека договорот со Борусија му истекува во јуни, по завршувањето на сезоната може да замине како слободен играч.