Connect with us

Фудбал

Тажна приказна за фудбалерот: Сите предвидуваа дека ќе стане голема ѕвезда, но една жена е виновна за се!

Адриен Рабиот, од потенцијална голема ѕвезда, стана само уште еден од многуте просечни фудбалери. Многумина за ваквиот развој на неговата кариера ја обвинуваат неговата мајка Вероника Рабиот.

Таа досега секогаш претставувала огромен проблем за секој тренер, скаут, фудбалски работник. Листата на нејзините испади е предолга. Се уште не внимава дали ќе му наштети на нејзиниот син.

Сите кои го знаат играчот за врска на Јувентус, ја знаат и неговата мајка. Токми поради неа останал без повик за репрезентацијата за Франција, како и без договор со ПСЖ.

-Стапив во конакт со него, сакав да поразговараме. Потоа ми се јави неговата мајка, сакаше и таа да дојде со него. Но, јас го сакав само него на тој состанок. Адриен одлучи да се сретнеме, но неговата мајка уништи се, изјави претседателот на Фудбалскиот сојуз на Франција, Нол Ле Грат.