Фудбал
Тажни се лицата на Мбапе, Бензема, Канте…Сето тоа поради селекторот! (ВИДЕО)
Во пресрет на натпреварот од Лигата на нации против Данска, смртен случај ги поремети плановите на француската репрезентација. Тренерот Дидие Дешам ги напушти француските фудбалери во вторникот, откако почина неговиот татко. 53-годишниот стручњак секако ќе биде со семејството во тешките моменти. Фудбалерите во отсуство на Дешам ги тренираше помошникот тренер Гај Стивен.
„Со голема тага слушнав дека таткото на Дидие почина утрово. Дидие им се придружи на своите роднини и го уверувам во моето пријателство и мојата поддршка во ова тешко искушение“, изјави претседателот на Француската фудбалска асоцијација Ноел Ле Грает.
Многу француски ѕвезди, како Канте, Мбапе, Бензема и други, се прегрнаа и му оддадоа почит на таткото на Дешам со едноминутно молчење на тренингот. Лицата им беа тажни, сочувствуваа со тренерот, но продолжија редовно да тренираат.
Франција во петок ќе ја пречека Данска на „Стад де Франс.
Grosse pensée pour Didier Deschamps et sa famille… 🌹 pic.twitter.com/5OXJcr6KEn
— Equipe de France ⭐⭐ (@equipedefrance) May 31, 2022